News

ЦЕДИ – ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА, ДОКУМЕНТИРАЊЕ И ИСТРАЖУВАЊЕ

14 December 2012

ЦЕДИ е програма во ХОПС чија цел е да организира едукации/обуки, документира и спроведува истражувања.

ЦЕДИ нуди и консултантски услуги за подготовка, развој, мониторинг и евалуација на: стратегии, акциони планови, проекти, програми, семинари, работилници, конференции, студиски патувања. Одделот за едукација во рамките на ЦЕДИ работи на подигнување на степенот на знаење кај креатори на политики, донесувачи на одлуки, студенти, професионалци и здруженија на граѓани за прашања кои се однесуваат на политиките, принципите, знаењата и практиките за работа со општествено-маргинализирани заедници.

ЦЕДИ ја организира и првата “Летна школа за зависности” во Македонија наменета за образување млади стручни кадри, односно студенти, постдипломци, докторанти од факултетите кои се занимаваат со зададената
тема. “Летната школа за зависности” се одржува секоја година на крајот на месец јуни.

Оделот за документација се занимава со систематизирање на податоците за релевантните потреби, трендови, и проблеми на општествено-маргинализираните заедници, како и на податоците за влијанието на постоечките политики и стратегии врз општествено-маргинализираните заедници. Овие податоци се сумираат во соодветни бази на податоци, фото, видео и електронска библиотека.

Одделот за истражување во рамките на ЦЕДИ располага со знаења и стручност кои се однесуваат на употребата на дроги, третманите на зависност, сексуалната работа, ХИВ/СИДА и други крвно и сексуално
преносливите инфекции, социјалните, здравствените и општите човекови права ЦЕДИ – ЦЕНТАР ЗА

ЕДУКАЦИЈА, ДОКУМЕНТИРАЊЕ И ИСТРАЖУВАЊЕ и овозможува истражувања и обуки и консултантски услуги за истражувања помеѓу различни општествени групи и заедници засегнати со/од наведените појави и практики. Одделот за истражување во рамките на ЦЕДИ спроведува самостојни истражувања, истражувања во соработка со други институции/ организации, истражувања за потреби на други институции/организации/стопански субјекти.

Оставайтесь в курсе событий политики в отношении наркотиков, подписавшись на IDPC Ежемесячные Alert.